• среда, 25 декември 2024

Протести во повеќе градови низ Босна и Херцеговина поради убиството на жена од страна на нејзиниот сопруг

Протести во повеќе градови низ Босна и Херцеговина поради убиството на жена од страна на нејзиниот сопруг
Сараево, 14 октомври 2022 (МИА) - Мирна протестна прошетка ќе се одржи денеска во повеќе градови низ Босна и Херцеговина, во знак на бунт поради неодамнешното убиство во земјата, кога сопруг ја задави својата сопатничка. За конечно на ваквите злосторства да им се „стави крај“ и да се санкционираат преку судските институции, во Босна и Херцеговина во знак на бунт ќе се излезе на улиците во Бихаќ, Бања Лука, Грачаница, Тузла, Сараево, Зеница, Столац, Тешња, Градачац, Босанска Крупа, Сански Мост и во Брчко. „Доста со теророт над жените! Доста со немо набљудување додека умираме во нашите домови и на улиците на нашите градови. Места што би требало да бидат најбезбедни, тие се наши кафези и наши стрелишта. Не се случи семејна трагедија, туку убиство. Не е несреќен случај, туку убиство. Не е злосторство од страст, туку фемицид. Жена е убиена затоа што е жена. Бидејќи на нас се гледа како на потрошна роба“, наведоа организаторите. бд/

Остани поврзан