• среда, 25 декември 2024

Протести во Норвешка против ВАР технологијата

Протести во Норвешка против ВАР технологијата


Осло, 28 јуни 2024 (МИА) – Навивачите на норвешкиот прволигаш Лилестром протестираа на иновативен начин против користењето на ВАР технологијата во фудбалот.
Навивачите го изразија своето незадоволство фрлајќи стотици тениски топчиња на теренот за време на вчерашниот домашен натпревар против Осло.
Натпреварот беше прекинат додека теренот не беше расчистен од фрлените тениски топчиња.
На трибините можеше да се забележат и пароли со кои се бара забрана на ВАР технологијата.
Воведувањето на системот создаде многу контроверзии во скандинавската земја, при што голем број клубови изразија несогласување со одлуката на федерацијата да го користи.
„Сите во Норвешка се против ВАР. Ние само го изразивме нашето несогласување затоа што воведувањето на ВАР технологијата ја расипува играта. Им беа потребни три минути за да го исчистат теренот од нашиот протест, толку брзо и ВАР ги носи одлуките“, изјави Јоаким Молер, кој е еден од организаторите на акцијата. ег ФОТО: Икс
 

 

Остани поврзан