• сабота, 23 ноември 2024

Протести во Богота поради насилна смрт на сограѓанин

Протести во Богота поради насилна смрт на сограѓанин
Богота, 10 септември 2020 (МИА) - Стотици жители на колумбиската престолнина Богота протестираа поради убиството на еден нивни сограѓанин, откако беше приведен од полицијата, поради кршење на мерките за физичка дистанца поради пандемијата на коронавирус. Хавиер Умберто Ордоњес (46) бил уапсен од полицијата вчера за пиење алкохол на улица во друштво на други лица. Пред да биде приведен, двајца полицајци го притиснале на земја и неколку пати употребиле електрични удари врз него, и покрај неговите молби да прекинат. Снимката од настанот е објавена  на социјалните мрежи. Ордоњес, татко на три деца, потоа бил однесен во полициска станица, каде што, според роднини и пријатели, исто така бил малтретиран, пред да почине во болница. Градоначалничката на Богота, Клаудија Богота рече дека тоа е пример за „неприфатлива полициска бруталност“. Протестот се одржа пред полициската станица, а некои од демонстрантите ги искршија прозорците на зградата, додека едно полициско возило беше испишано со графити. паг/

Остани поврзан