Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје
- Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.
Скопје, 19 септември 2023 (МИА) - Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.
Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.
Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.
Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите. бд/дма/
Фото: МИА