• среда, 18 декември 2024

Просечната каматна стапка на депозитите во октомври бележи годишен пораст, а кај кредитите годишен пад

Просечната каматна стапка на депозитите во октомври бележи годишен пораст, а кај кредитите годишен пад

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни поени, додека кај вкупните кредити има пад од 0,11 процентни поени.

Според податоците на централната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,07 проценти, а на вкупните кредити 5,38 проценти.

Кај корпоративниот сектор, забележан е месечен пад на каматната стапка на новоодобрените кредити за 0,13 процентни поени при што надолна промена има кај каматните стапки на денарските кредити, а раст кај кредитите во странска валута. 

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата на месечни ниво е пониска за 0,10 проценти поени и падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута. бак/ац/

Фото: Народна банка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан