• недела, 24 ноември 2024

Проруските сепаратисти демантираат дека употребиле хемиско оружје

Проруските сепаратисти демантираат дека употребиле хемиско оружје
Киев, 12 април 2022 (МИА) - Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираат дека употребиле хемиско оружје во Мариупол, јавија руските медиуми. Командантот на сепаратистите Едуард Башурин изјави дека не употребиле хемиски агенси не биле користени и покрај тврдењата на украинските власти дека руските сили извршиле хемиски напад. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар претходно изјави дека Киев ги проверува информациите дека Русија можеби употребила хемиско оружје при нападите врз Мариупол. - Постои теорија дека тоа би можело да биде фосфорна муниција, истакна Маљар. ми/

Остани поврзан