• четврток, 26 декември 2024

Проруските сепаратистички сили се обидуваат да ја заземат челичарницата Азовстал во Мариупол

Проруските сепаратистички сили се обидуваат да ја заземат челичарницата Азовстал во Мариупол
Москва, 19 април 2022 (МИА) - Проруските сепаратистички сили започнаа делумна операција за преземање на челичарницата Азовстал во Мариупол, каде се наоѓаат преостанатите украински сили, изјави денеска портпаролот на проруските сили Едуард Басурин. - Групите формирани за напад на објектот почнаа да работат. Добиваме помош од Русија, се работи за авиони и артилерија. Така наречените бранители на украинскиот народ конечно ќе се предадат, истакна Басурин Според руското Министерство за одбрана во опколената фабриката Азовстал има 2.500 украински војници. Руската армија пред два дена предупреди дека ќе бидат уништени украинските војници во челичарницата Азовстал, кои ќе одбијат да се предадат. Додека руското Министерство за одбрана ги повика украинските војници во Мариупол да се предадат до 12 часот по московско време, ветувајќи оти ќе им бидат поштедени животите. Потоа од 13 часот и 30 минути да се прогласи прекин на огнот, а од 14 до 16 часот сите украински и странски војници да се повлечат од челичарницата Азовстал без оружје и муниција. ми/

Остани поврзан