• петок, 27 декември 2024

Проруските власти во регионот Херсон почнаа со евакуација на цивили

Проруските власти во регионот Херсон почнаа со евакуација на цивили
Москва, 19 октомври 2022 (МИА) - Претставници на про-Кремљ во руско контролираниот регион Херсон во јужниот дел на Украина, денеска соопштија дека започнале со евакуација на цивили од главниот град, додека украинските сили напредуваат кон југ. Руската телевизија Росија 24 прикажа фотографии од лица како чекаат да бидат префрлени преку реката. Властите во областа Херсон планираат привремено да преселат меѓу 50.000 и 60.000 лица од десниот брег на реката Дњепар на левиот или во други руски региони, изјави вршителот на должноста гувернер Владимир Салдо. Според заменик - шефот на руската администрација во регионот, Кирил Стремоусов, во блиска иднина ќе почне битката за Херсон. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан