• среда, 25 декември 2024

Пропалестински делегати на конгресот на Демократите бараат ембарго за оружје кон Израел

Пропалестински делегати на конгресот на Демократите бараат ембарго за оружје кон Израел

Чикаго, 19 август 2024 (МИА) - Десетици муслимански делегати и нивни сојузници на Националната конвенција на Демократската партија во Чикаго ќе инсистираат на промени во партиската програма и ќе побараат ембарго за извоз на оружје кон Израел, јавуваат американски медиуми.

Групата, која се нарекува „Делегати против геноцид,  планира да го искористи правото на слобода на говорот за време на четиридневниот конгрес, на кој се очекува американската потпретседателка Камала Харис да биде номинирана за претседателски кандидат на САД.

Организаторите на групата одбиваат да откријат детали, но потврдуваат дека ќе предложат измени во партиската програма и ќе го искористат правото да зборуваат на настанот.

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да се обрати денеска, а Камала Харис ќе го одржи завршното обраќање в четврток.

Пропалестинските делегати бараат поголема улога во креирањето на партиската програма. Во Чикаго живее најголемата палестинска заедница во САД, а денеска стотици пропалестински активисти веќе протестираа во центарот на градот, барајќи стопирање на американската воена помош за Израел. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан