• сабота, 28 декември 2024

Пропадна и третиот обид за избор на спикер на португалскиот парламент

Пропадна и третиот обид за избор на спикер на португалскиот парламент

Лисабон, 27 март 2024 (МИА) – Неуспехот и во третиот обид да се избере претседател на парламентот во Португалија откри длабоки политички несогласувања во новиот законодавен дом избран на 10 март, коментира ДПА.

На вчерашната конститутивната седница ниту еден кандидат не го освои потребното апсолутно мнозинство од 116 гласови во 230-члениот Парламент.

Пратениците денеска повторно ќе се сретнат со цел повторно да се обидат по што на партиите ќе им биде дозволено да номинираат нови кандидати.

Првиот ден од работата на собранието јасно покажа дека на новиот премиер на Португалија, Луис Монтенегро од конзервативната Демократска алијанса (АД), му претстои тежок мандат.

Неговиот кандидат за претседател на парламентот, Хозе Педро Агиар-Бранко, беше втор на третото гласање со 88 гласа, зад Франциско Асис од Социјалистичката партија ПС, со 90 гласа.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса минатата недела го назначи Монтенегро за премиер. Неговата алијанса доби најмногу гласови на предвремените избори на 10 март и тесно ги надмина социјалистите, кои беа на власт осум години.

Монтенегро планира утре да го претстави својот кабинет. Новата влада официјално треба да ја преземе функцијата на 2 април. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан