• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајден починат маж во Спортско - рекреативниот центар Сарај

Пронајден починат маж во Спортско - рекреативниот центар Сарај

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Во Спортско - рекреативниот центар Сарај кај Скопје ноќеска по полноќ, од страна на полицијата бил пронајден починат маж на возраст од 43 години, соопшти МВР.

-Денеска (14.08.2024) околу 01.20 часот во Спортско - рекреативниот центар Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле починат И.Џ.(43) од Скопје, наведуваат од МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. вг/дма/

Фото: МИА Архива   

Остани поврзан