• четврток, 19 декември 2024

Пронајден нов вид мајмун во Мјанмар

Пронајден нов вид мајмун во Мјанмар
Непјидо, 11 ноември 2020 (МИА) - Нов вид мајмун, кој е претставен само со неколку стотици единки, е откриен во Мјанмар. Мајмунчето, обично, е долго меѓу 50 и 60 сантиметри, објавија денеска истражувачите кои стојат зад ова уникатно откритие. Приматите, по долго истражување, беа идентификувани од страна на научници од Германскиот центар за примати и невладината организација „Фауна & флора интернејшнал“. Именувани се како „Попа лангур“ (popa langur), по планината Попи, свето место во средишните делови на Мјанмар. Популацијата ја сочинуваат околу 200 до 250 мајмуни. - Само што ги откривме и веќе можеме да кажеме дека Попа лангур е пред истребување, вели еден од истражувачите Френк Момберг. „Фауна & флора интернејшнл“, во соработка со колеги од други здруженија, ќе спроведат дополнителни теренски испитувања и ќе се преземат мерки за спас на овој вид лангур од истребување, како што рече приматологот Нгве Луин од невладината организација, со седиште во Мјанмар.  си/ми/

Остани поврзан