• недела, 06 октомври 2024

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Скопје, 22 октомври 2023 (МИА) - Машки труп е пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. мд/мч/
 

Фото: МИА архива 
 
 
 
 
 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан