• сабота, 27 јули 2024

Пронајден крадец од Ранковце, одземеното вратено на сопственикот

Пронајден крадец од Ранковце, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Во Полициското одделение Ранковце вчера во 12.00 часот бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од село Ранковце, осомничен дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу село Герман и село Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.

По преземени мерки, информираа денеска од МВР, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан