• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајден амфетамин во Гевгелија, мерка притвор за две лица

Пронајден амфетамин во Гевгелија, мерка притвор за две лица

Скопје, 19 март 2025 (МИА) -  СВР Струмица - ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднел кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, и против А.А.(27) од Скопје осомничена за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во понеделникот, 17 март, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија на наплатна рампа Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., во кое сопатници биле А.М. и А.А.

-Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени  три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограм. Лицата биле изведени  пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор, информира МВР. хс/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан