• четврток, 19 декември 2024

Пронајдено тело на исчезнат патник во траектот во близина на Крф

Пронајдено тело на исчезнат патник во траектот во близина на Крф
Атина, 23 февруари 2022 (МИА) – Спасувачките екипи на противпожарната служба на Грција вечерва пронајдоа безживотно тело на маж во гаражата на траектот „Euroferry Olympia“ на островот Крф, што воедно е и втората жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, јави дописничката на МИА од Атина. Веројатно е дека станува збор за еден од десетте исчезнати патници,  по кои веќе шести ден трае потрагата. Најверојатно сите се возачи на камиони, кои решиле патувањето кон Италија да го поминат во нивните возила паркирани во гаражите на траектот, нешто што е забрането. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасени се вкупно 281 лице, девет лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени две безживотни тела. ср/

Остани поврзан