• понеделник, 29 јули 2024

Пронајдено лице од Франција кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Пронајдено лице од Франција кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Лицето С.И. (21) од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато, го пронашле полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС.

Како што известуваатод Министерството за внатрешни работи, тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.

По дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март годинава.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан