• сабота, 27 јули 2024

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - Пронајдено е петгодишното дете, за кое беше пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај, соопшти вечерва МВР.

- Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај е пронајдено 5-годишно дете, за кое околу 16.20 часот во ПО Сарај од страна на М.Х. беше пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај. Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници на СВР Скопје преземени се мерки и активности за пронаоѓање и околу 18.15 часот детето е пронајдено, информираат од МВР.са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан