• недела, 17 ноември 2024

Пронајдени уште две тела на исчезнати патници од пожарот на траектот кај Крф

Пронајдени уште две тела на исчезнати патници од пожарот на траектот кај Крф
Атина, 24 февруари 2022 (МИА) – Безживотните тела на двајца патници, кои се водеа за исчезнати, утрово беа пронајдени во гаражите на траектот „Euroferry Olympia“ на островот Крф, со што бројот на жртви од пожарот што избувна во петокот наутро се зголеми на четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Синоќа беше пронајдено уште едно тело, седум лица и понатаму се водат за исчезнати, а спасувачката акција продолжува веќе седми ден. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасени се вкупно 281 лице, седум лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени четири безживотни тела. ср/паг/

Остани поврзан