• среда, 25 декември 2024

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Тунис, 19 мај 2024 (МИА) - Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан