• среда, 25 декември 2024

Пронајдени телата на десетмината војници, осум месеци по падот на хеликоптерот во Папуа

Пронајдени телата на десетмината војници, осум месеци по падот на хеликоптерот во Папуа
Џакарта, 14 февруари 2020 (МИА) - Пронајдени се телата на десетмината војници кои загинаа пред осум месеци кога нивниот хеликоптер се урна во провинцијата Папуа, соопштија индонезиските власти. Екипите на елитните сили на Индонезиската армија пронајдоа  остатоци од хеликоптерот Ми-17, произведен во Русија, на стрмна падина на надморска височина од околу 3.800 метри.

Портпаролот на војската на Папуа, Дакс Сиантури рече дека се идентификувани телата врз основа на нивната униформа.

Воениот командант Бинсар Сианипар, кој ја предводеше мисијата, појасни дека лошите временски услови ги спречувале нивните обиди да ги извлечат телата со помош на јаже и најави дека операцијата ќе продолжи утре наутро.

Причината за несреќата сè уште се истражува. Хеликоптерот изгубил контакт пет минути по полетувањето од Оксибил на 28 јуни. Тој полета во Џајапур, главниот град на провинцијата Папуа. паг/

Остани поврзан