• недела, 28 јули 2024

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера на место викано „Лапуф“ на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива. - Според сопственикот на нивата С.У. (67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана, наведуваат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/сп/

Остани поврзан