• сабота, 31 август 2024

Пронајдена марихуана при претрес во Скопје

Пронајдена марихуана при претрес во Скопје
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија   извршија претрес во домот на Ф.М. (25). Како што соопшти МВР, при претресот е пронајдена марихуана. Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. мд/бак/

Остани поврзан