• петок, 18 октомври 2024

Пронајдена дрога при претрес во Валандовско

Пронајдена дрога при претрес во Валандовско

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Полицијата вчера го лишила од слобода В.М.(27) од село Раброво, Валандовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан