• недела, 28 јули 2024

Пронајдена дрога на подрачјето на СВР Битола, при реализација на превентивната активност „Безбедно лето“

Пронајдена дрога на подрачјето на СВР Битола, при реализација на превентивната активност „Безбедно лето“
Скопје, 9 јули 2022 (МИА) - Во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, синоќа од 22 часот до еден часот по полноќ патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од советот за малолетничко престапништво од Општина Битола извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници. Оваа активност, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои се изложени нивните деца при злоупотреба на алкохол, дрога и цигари. За време на контролата извршени се легитимирање на лица, прегледи кај младата популација, при што едно лице е лишено од слобода, бидејќи при преглед кај него беше пронајдена марихуана. Имено, во Градскиот парк е приведен Н.Х.(22) и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави кај младата популација, информираат од МВР. рп/мч/

Остани поврзан