• понеделник, 29 јули 2024

Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица

Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
Скопје, 24 август 2022 (МИА) -  Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица Битола, денеска на ул.„Климент Охридски“ во Битола, ги лишиле од слобода битолчаните Г.Б.(33) и И.Ј.(41). - Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога и кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари  во различни апоени. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. дма/са/ Фото: МИА архива

Остани поврзан