• недела, 28 јули 2024

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - На патот за битолското село Бистрица, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола подигнал артилериска граната со калибар 105 милиметри од Првата светска војна.

Како што денеска соопшти МВР, претходно во СВР Битола, В.К.(36) од Битола пријавил дека ја пронашол гранатата при градежни работи на местото.

Денеска исто така од ул.„Паца Мирчева“ во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал школска тромблонска граната за која Д.А.(36) од Битола пријавил дека ја нашол на 27 септември. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан