• недела, 24 ноември 2024

Промоција на учебникот „Играта и учењето – нови концепти во раното учење“, од Професорката Лена Дамовска

Промоција на учебникот „Играта и учењето – нови концепти во раното учење“, од Професорката Лена Дамовска
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - „Играта и учењето - нови концепти во раното учење“, од авторката проф. д-р Лена Дамовска е насловот на новиот учебник кој ќе служи како прирачник за педагозите. Станува збор за содржина која третира низа суштински и актуелни прашања повзрани со новите парадигми во педагогијата на 21 век. Според авторката, целта на учебникот е да им помогне на педагозите за стекнување промени во воспитно-образовната теорија и практика, каде што играта преставува моќна стратегија во процесот на раното учење кај децата. - Ова е книга за една поинаква педагогија за новите парадигми во педагогијата во 21 век  кој што фактички значат креирање автентичен педагошки дискурс во една училница што значи секоја нова генерација на деца треба да не понесе во однос на проценка на тоа кои се нивните автентични потреби и можности тоа фактички може да се преточи преку партиципативната педагогија рефлективната критичната педагогија, иновативната педагогија која фактички значат креирање можности за нови ефективни практитки кои што генерират нови идеи, го развиваат критичкиот ум, ја подобруваат когнитивната љубопитност, создаваат продуктивна интеракција помеѓу децата , тоа се некои новини кои што овозможуваат развој на трансверзалните вештини толку неопходни за се она што ги очекува децата во 21 век, мислам дека свесност на оние кои што работат во образованието за своите лични педагошки доктрини кои ги споделуваат со децата е многу значајно, вели Дамовска. На промоцијата присуствуваше и министерката за образование, Мила Царовска која истакна дека оваа книга е од особено значење во образовниот процес. - Сметам дека професорката навистина прави исчекор во педагогијата затоа што во процес на имплементација е и новата концепција за основно образование која што и самата по себе како документ бара директна реализација во настава и подготвени наставници кои што ќе знаат и можат да ја носат таа концепција и сите предизвици кои што истата ги носи со оваа книга,се дава можност да има литература за наставниците кои што поминаа низ процесот на обука, но исто така и на студентите кои што се поготвуваат понатаму да бидат наставници да имаат литература која што е современа која што ги следи новите концепти на учење на 21 век и кој што ги подготвува за настава која што е прилагодена на новите концепти, заклучи Царовска. Издавачката куќа „Просветно дело“ е воедно и организатор на промоцијата, одговорниот уредник, Ана Иванова потенцира дека сметаат оти ваквите иницијативи се од особена важност и поради тоа се стремат кон поддршка. свс/сп/

Остани поврзан