Промоција на три книги од проф. д-р Андон Мајхошев
- Книгите „Индустриски односи - регулатива, теорија и практика“, „Индустриските односи во Република Северна Македонија - емпириска анализа“ и „Лексикон на индустриски односи“ од проф. д-р Андо
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Книгите „Индустриски односи - регулатива, теорија и практика“, „Индустриските односи во Република Северна Македонија - емпириска анализа“ и „Лексикон на индустриски односи“ од проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, денеска ќе бидат промовирани во просториите на Правниот факултет во Штип.
Промотори на книгите се проф. д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право на Правниот факултет на УКИМ - Скопје и проф. д-р Билјана Тодорова, професор по социјално и трудово право на Правниот факултет при УГД - Штип. дма/бак/