• среда, 04 декември 2024

Промоција на терминолошки речник „Хемија“ во МАНУ

Промоција на терминолошки речник „Хемија“ во МАНУ

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ при МАНУ и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија денеска ќе промовираат терминолошки речник „Хемија“. Промоцијата ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ со почеток од 12 часот.

Станува збор за промоција во рамките на макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“.

Предвидени се обраќања на Живко Попов - претседател на МАНУ, Витомир Митевски - раководител на макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“, Валентин Мирчески - промотор на изданието и на Глигор Јовановски - раководител на проектот „Хемиска терминологија“. бд/мд/

 

Остани поврзан