• недела, 24 ноември 2024

Промоција на сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од Ирина Атанаскова

Промоција на сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од Ирина Атанаскова
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Издавачката куќа „Чудна шума“, денеска, во Скопје, ќе ја промовира сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од авторката, уметница и илустраторка Ирина Атанаскова, која на најмалите читатели им ја приближува темата за прифаќање на различностите и инклузија. Промоторка на сликовницата ќе биде Александра Симова, а модератор Билјана Црвенковска. Според издавачот, „Приказна за малиот Уг“ е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во приказната - се раѓа поинакво од другите угчиња на Зелената Планета. Осамено и отфрлено, угчето трага по пријател кој нема да се плаши од него... Сликовницата е дел од едицијата „Различни и прекрасни“ на издавачката куќа Чудна шума, едиција во која се наоѓаат изданија за најмалечките кои отворено зборуваат за прифаќањето на различностите, за инклузијата, миграцијата, справувањето со врсничкото насилство, самодовербата и сл. Ирина Атанаскова сака да црта на кожа, на ѕидови, на хартија и на таблет. Нејзина желба е преку детската илустрација да допре и до возрасните и да ги потсети на безгрижноста на детската игра како меморија за слободата. вг/лв/

Остани поврзан