• четврток, 05 март 2026

Промоција на романот „Ќе помине и моќта“ вечер во МКЦ

Промоција на романот „Ќе помине и моќта“ вечер во МКЦ

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - „Ќе помине и моќта“, најновиот роман од Ирена Јурчева, ќе биде промовиран вечер со почеток од 19 часот во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Предвидено е покрај авторката, на промоцијата да зборуваат Виолета Танчева - Златева и Александар Маџаровски - Читачот.

- Романот излезе од печат кон крајот на 2025 година, во издание на „Паблишер“, претставува досега најамбициозно и најобемно дело на Јурчева. На повеќе од 350 страници, авторката гради слоевита и длабока приказна за наглото созревање среде светот што се распаѓа, за необичната моќ што го одбележува животот и самата осудена да помине. Јурчева ѝ е веќе добро позната на книжевната јавност како поетеса, прозаистка и преведувачка. Позната е по поетските книги „Таинства“ и „Огнот наш нестишен“, збирките раскази „Разнишан свет“ и „Белата е најстрашната боја“, за што ја доби наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Покрај тоа, преведувачка е на значајни дела од светската класика, меѓу кои „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин и „Црниот мачор - раскази за мистеријата“ од Едгар Алан По. бд/дма/

Фото: Тим на Ирена Јурчева

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан