• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на реновираните простории во Клиничка болница Тетово

Промоција на реновираните простории во Клиничка болница Тетово

Тетово, 15 август 2024 (МИА) – Во Клиничка болница Тетово денеска беше извршена промоција на реновираните простории кои се наоѓаат во зградите на интернистичкиот и хируршкиот блок. Оваа реконструкција се реализира со донација од компанијата „Еколог“ во текот на 2023 и 2024 година. 

- Со донацијата на компанијата „Еколог“, се направи реконструкција на интернистичкиот оддел, амбуланти и на прв кат и дел од амбуланти во хируршки блок. Зградата е варосана на двете страни. Надворешниот дел односно ѕидот и паркингот исто така се направени и во иднина се надеваме дека пак ќе продолжиме вака со Лазим Дестани кој е човек со волја да помага и ние треба да го искористиме тоа, изјави д-р Агим Бериша, директот на Клиничка болница Тетово.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека наредниот период ќе се бара од поголемите компании во Македонија да бидат општествено одговорни и да донираат за реновирање на одредени објекти во здравството.

- Си имаме наши проекти коишто ќе тераме, но секогаш се добредојдени проекти со кофинансирање од компании коишто се успешни во Република Северна Македонија. Уште еднаш им посакувам што побрзо да поминат пациентите во овие навистина изгледаат добри услови во општата болница во Тетово со инвестициите. Продолжуваме и како министерството за здравство и јавно уште еднаш би сакал да му се заблагодарам на господинот Дестани и се надевам вакви инвестиции ќе има и од другите компании низ целата територија на нашата држава, рече Таравари.

На првиот кат од интерниот оддел е поставена информативна табла за кои простории се реновирани, но натписот е само на албански јазик. Директорот и министерот дури по посебно барање се обратија и на македонски јазик. ас/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан