• сабота, 28 декември 2024

Промоција на публикацијата „Дали Северна Македонија е ранлива на економски притисок од НР Кина?“

Промоција на публикацијата „Дали Северна Македонија е ранлива на економски притисок од НР Кина?“

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Фондацијата „Конрад Аденауер“, Правниот Факултет „Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА денеска организираат панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”.

Како што информираат од Фондацијата, настанот ќе го отворат деканот на Правниот факултет проф. д-р Сашо Георгиевски и координаторот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ за Западен Балкан и Југоисточна Европа, Александер Берибес. 

Заклучоците од публикацијата ќе бидат презентирани од еден од авторите на публикацијата - Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности  ЕСТИМА.

Дискутанти на панел-дискусијата ќе бидат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македониjа и професорите при Правниот факултет „Јустинијан Први” - Скопје, проф. д-р Васко Наумовски, проф. д-р Александар Спасеновски и проф. д-р Александар Љ.Спасов. 

Посочуваат дека публикацијата, која е во издание на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и ЕСТИМА, ja анализира ранливоста на Република Северна Македонија кон економскиот притисок од Народна Република Кина во три главни области: трговија, инвестиции и надворешен јавен долг.

-Потпирајќи се на искуствата од други земји, анализата има за цел да ја подигне свеста за т.н. економска принуда како алатка која ѝ овозможува на Кина да ја искористи својата економска предност против овие земји за да постигне политички цели, со различни исходи, посочуваат организаторите на настанот. фф/хс/

Фото: Фондација Конрад Аденауер

Остани поврзан