• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Промоција на платформа за соработка меѓу Црвен крст и универзитетската заедница

Промоција на платформа за соработка меѓу Црвен крст и универзитетската заедница

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Промоција на платформа за соработка меѓу Црвен крст и универзитетската заедница ќе биде реализирана денеска во Скопје.

Од Црвениот крст на Република Северна Македонија информираат дека во рамки на одбележувањето 80 години од своето основање и хуманитарно делување, се организираат низа активности со цел подигнување на јавната свест за неговата улога во создавањето позитивни општествени промени.

По тој повод, ќе се одржи и промоција на платформа за соработка на Црвениот крст и универзитетската заедница.

- Како благодарност на севкупниот придонес, Црвениот крст на РСМ ќе додели јубилејна плакета на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. Целиот настан ќе се одбележи со панел-дискусија по повод 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на РСМ, што ќе се одржи во 11 часот во Свечената сала на Ректоратот на Универзитетот, се појаснува во соопштението. бд/мд/

Фото: Црвен крст на Република Северна Македонија

Остани поврзан