• недела, 28 јули 2024

Промоција на песната „Метрополи“ на Андреја Салпе

Промоција на песната „Метрополи“ на Андреја Салпе

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Во клуб „Епицентар“, со почеток од 23:45 часот, вечер, ќе биде промовирано најновото издание „Метрополи“ на нашиот продуцент и композитор Андреја Салпе, за „PMG Tanz Digital”, соопштија од оваа дискографска куќа.

- По низата успешни изданија за домашни и интернационални издавачки куќи, Андреја Салпе изненадува со прав правцат клупски хит „Метрополи“, што ќе биде проследен со видео запис со една од најуспешните млади актерки во земјава, Дарја Ризова. На Андреја Салпе ќе му се придружат редовните „PMG Tanz Digital“  „виновници“ - Мирко Попов и Виолета Качакова, како и новата диџеј адиција во PMGTD „семејството“, млада и прекрасна, талентираната Мартина Пенева, пишува во соопштението.

Во најавата од организаторите на настанот се наведува дека „Метрополи“ е „духовна референца на врвните мигови од историјата на македонската електронска сцена и незаборавните - за оние кои беа таму - денови, поточно ноќи, во клубот „Метропол“, Скопје, некаде на премин на векот. -Неколку големи чекори напред за сите и во секој поглед. Андреја Салпе е претставник на генерација што не била родена во тоа време, но, неверојатно лепи на суштината на тоа место и време“, посочуваат од дискографската куќа. бд/вг/

Фото: „PMG Tanz Digital”

Остани поврзан