• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем

Промоција на Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025) денеска ќе биде промовирана заедно со обезбедената медицинска опрема за затворските установи.
Стратегијата и опремата се резултат на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022“. Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија“ се спроведува во соработка со Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите.
На промоцијата, како што е најавено, ќе се обратат заменик-министерот за правда Агим Нухиу,
заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Јулиан Васало, директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски и Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2021-2025) ја утврдува основата за активностите во идните пет години, дефинирајќи ја мисијата и целите на пенитенцијарниот систем, поддржано со стратешко планирање и други активности. Документот беше подготвен од септември 2019 до јуни 2021 година и усвоен од Владата во јули.
Дополнително, шест пенитенцијарни институции во земјата (Гевгелија, Идризово, Прилеп, Скопје, Тетово, Штип) придобија од доставената медицинска опрема во вкупна вредност од над 46.000 евра, вклучувајќи и стоматолошки кабинет во затворот Идризово, како и ЕКГ уреди за сите шест установи. мд/са/

Остани поврзан