• недела, 24 ноември 2024

Промоција на книгата „Политички систем“ од професорите Рената Тренеска Дескоска и Јелена Трајковска-Христовска и доцент Марко Кртолица

Промоција на книгата „Политички систем“ од професорите Рената Тренеска Дескоска и Јелена Трајковска-Христовска и доцент Марко Кртолица

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) - На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Политички систем” од проф. д-р Рената Тренеска Дескоска, проф. д-р Јелена Трајковска-Христовска и доц. д-р Марко Кртолица.

- Во време кога доминира пејоративното значење на терминот политика и антиполитиката сè повеќе зазема простор, кога демократијата како концепт различно се сфаќа и толкува, а значењето на концептите: владеење на правото, легитимитет, слободни и фер избори, се преиспитуваат, во оваа книга авторите се зафаќаат со овие и други сложени прашања поврзани со политичкиот систем. Книгата „Политички систем“ од проф. д-р Рената Тренеска Дескоска, проф. д-р Јелена Трајковска-Христовска и доц. д-р Марко Кртолица од теоретски, компаративен, но и практичен аспект на нивна примена кај нас ги разработува прашањата за политиката, мнозинската и консоцијалната демократија, недемократските системи, изборите, изборните модели и предусловите за фер изборен процес, владеењето на правото, легитимитетот на власта, јавното мислење, идеологиите, национализмот, политичките партии и (не)демократијата во нив и слични прашања од областа на политичкиот систем, се наведува во најавата за промоцијата на книгата.

Промоцијата е во органзиација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“. ев/мд/

Фото: Правен факултет 

Остани поврзан