• недела, 24 ноември 2024

Промоција на книгата на Јана Манева - Чупоска за особеностите на македонската носија присутни во современиот моден дизајн

Промоција на книгата на Јана Манева - Чупоска за особеностите на македонската носија присутни во современиот моден дизајн

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) – Книгата на Јана Манева – Чупоска посветена на естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посбен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн, денеска напладне ќе биде промовирана на саемот за книга во Скопје. 

Станува збор за докторски научен труд, финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2023 година.

Промотори на книгата ќе бидат Проф.д-р Зоранчо Малинов од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска - Сани новинар.

Делото е во издание на АД ВЕРБУМ. свс/вг/

Остани поврзан