• петок, 27 декември 2024

Промоција на зборникот на трудови „Антево перо“

Промоција на зборникот на трудови „Антево перо“

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Во Порта Македонија, вечер во 19 чсот, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. 

Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, (во моментот на печатењето на Зборникот работеше како м-р на Универзитетот на Нов Јужен Велс Кенсингтон Сиднеј, Австралија, а сега е д-р при Универзитетот во Болоња, Емилија-Ромања, Италија), м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска, м-р Александра Јуруковска и асс. м-р Иван Антоновски. свс/вг/

Остани поврзан