• среда, 25 декември 2024

Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски во Музејот на македонската борба

Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски во Музејот на македонската борба

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани вечер во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

-Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, Музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век, се наведува во соопштението до јавноста од НУ Музеј на македонската борба.

Анте Поповски (1931, Лазарополе - 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик. Како член на МАНУ и Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обеди-нетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција - 2018, Скопје) е значајна личност во маке-донската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на земјава.

Активностите се дел од годишната програма на Музејот за минатата година, реализирани со поддршка на Министерството за култура. дма/вг/

Фото: НУ Музеј на македонската борба 

Остани поврзан