• среда, 25 декември 2024

Промоција на бесплатна правна помош во Кичево

Промоција на бесплатна правна помош во Кичево

Скопје, 16 септември 2023 (МИА) – Во рамки на кампањата за промоција на бесплатна правна помош денеска во Кичево се организира инфо ден, на кој граѓаните ќе имаат можност да добијат подетални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат.

За време на настанот,учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Активноста е дел од серијата настани за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.

Иницијатива е организирана во рамките на проектот „ За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа  „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан