Промовиран „Универзум“ првиот АИ агент - бесплатен тутор по математика
- Во земјава пристигна „Универзум“ првиот АИ агент. „Универзум“ е АИ бесплатен тутор по математика во светот создаден целосно од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и алумни студенти од Бреинстер академијата.

Скопје, 14 април 2025 (МИА) – Во земјава пристигна „Универзум“ првиот АИ агент. „Универзум“ е АИ бесплатен тутор по математика во светот создаден целосно од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и алумни студенти од Бреинстер академијата. „Универзум“ е бесплатен и достапен 24/7, а е наменет за сите средношколци кои имаат потреба од поддршка во учењето.
На презентацијата која вечерва се одржа во Скопје, беше потенцирано дека „Умниверзум“ овозможува помош при подготовка за тестови по математика, подобрувања на математичките вештини преку интерактивни задачи и натпревари, чекор по чекор објаснување на математичките проблеми и помош при решавање на домашните и училишните задачи по математика.
Слабите резултати на македонските средношколци на последните ПИСА тестирања биле главната мотивација на тимот на Бреинстер за да го создаде овој прв, бесплатен и најпрецизен AI-тутор за математика во светот.
-Ние веруваме во потенцијалот на македонските ученици и сме посветени да го поттикнеме развојот со помош на најсовремени алатки и нашата докажана посветеност. На тестирањата се покажа дека Умниверзум решава, вежба, подучува и тоа со 100 проценти точност, беше истакнато на промоцијата на „Универзум“ АИ агент - бесплатен тутор по математика.фф/лв/
Фото: МИА