• четврток, 26 декември 2024

Промовиран слоганот за кампањата на Гордана Силјановска-Давкова

Промовиран слоганот за кампањата на Гордана Силјановска-Давкова

Скопје, 29 март 2024 

„Слоганот на мојата кампања, впрочем целата програма е во функција во слоганот. Слоганот е заради хроничната и актутната состојба со македонската демократија којашто не само што е во тешка криза, туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таквата држава најголеми жртви се граѓаните и кога велам јас „Македонија повторно горда“, пред сè мислам на граѓаните, повторно горди. Причината е да се врати надежта, причината е да се врати довербата во демократијата, причината е нацијата повторно да знае дека сите во политиката, вклучувајќи ги и шефот на државата или претседателката на државата имаат обврска во секој свој чекор и потег да се водат од националните од односно од државните интереси. Кога велам „Македонија повторно горда“, не можам да не споменам неколку ноторни факти. Прво, граѓаните имаат причина зошто да бидат горди. Се разбира, јас сум горда на предците, горда сум на оние што стојат зад трите Илиндени, горда сум на хероите. Меѓутоа мислам дека токму вредностите на кои се темелат трите Илиндени денеска не само што се погазени, туку и на оваа нација и на оваа држава и се заканува културоцид со одобрени, за жал, на оние во власта. Инаку, неслучајно е одбран овој слоган, мислам дека сфативме дека одност на овој свет на реализам, односно односот кон малите држави навистина треба да се проблематизира. Но, дека неслучајно големите и оние однадвор се однесуваат кон нас понекогаш како да не заслужуваме гордост. Зошто? Зашто погрешната слика за нас ја даваат оние кои треба да бидат најгорди, претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието. Нивната слика е сликата за државата. Тие не залужуваат гордост и во односите на сите кон нив, ова се повторува. Затоа мислам дека ако сами не се почитуваме, не треба и не можеме да очекуваме почит однадвор, ако сами немаме самодоверба нема да ни веруваат. Овие луѓе не заслужуваат доверба и тие знаат дека тоа не го заслужуваат и немаат ни самопочит. Мислам дека е време за длабоки промени, длабоки реформи! Време луѓето да се идентификуваат со оние коишто треба да ги застапуваат нив и националните и државни интереси, луѓе кои имаат самодоверба не затоа што попусто граѓаните им веруваат. Кога сте успешни вие верувате во себе и ја заслужувате довербата. Овие избори ќе доведат на власт луѓе кои заслужуваат доверба, луѓе кои се почитувани, луѓе кон кои оние однадвор и граѓаните ќе се оснесуваат како кон некој кој ја заслужува нивната доверба.“

Со почит,

Прес-конференција на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова

Тим „Гордана Силјановска-Давкова за претседател“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Тим „Гордана Силјановска-Давкова за претседател“

 

Остани поврзан