• сабота, 28 декември 2024

Промовиран романот „Татко ми, Босфор“ на тетовскиот автор Јован Илиески

Промовиран романот „Татко ми, Босфор“ на тетовскиот автор Јован Илиески
Тетово, 12 ноември 2022 (МИА) - Младиот тетовски писател Јован Илиески вечер го промовираше својот најнов шести роман насловен „Татко ми, Босфор“. Дејствието на романот се случува на самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава. Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг, а притоа станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. -Мајсторски склопена историска фикција со комбинација со современ трилер. Јован веќе покажува дека е зрел писател и дека знае како да го постави просторот, целото време, целата нарација на книгата на начин на кој што лесно ќе може читателот да навлезе во приказната. Истовремено на многу суптилен начин да го опише Истанбул конкретно на еден начин кој е приемчив и го тера читателот да остане до крај, ангажиран како читател, а го запознава со еден амбиент кој за нас е непознат. Ја знаеме Отоманската империја од еден друг аспект, а тука ја гледаме приказната од еден посуптилен пристап, изјави проморотот Перица Сарџоски. Книгата е во издание на издавачката куќа Антолог со која авторот за прв пат соработува. -За нас е голема радост кога соработуваме со некој македонски автор. Нашата издавачка куќа е профилирана и во рамки на превод на литература од познати автори, но со особено задоволство се радуваме и на македонски автори. Јован Илиески е ново име кај нас, но не е ново име во македонската литература и македонската книжевна сцена. Автор е на многу значајни и продавани романи. Тоа беше големо олеснување за нас бидејќи го сакаме најдоброто од македонската литература да биде дел од нашата издавачка куќа, изјави Жарко Кујунџиски, уредник на Антолог Авторот Илиевски се одлучил да пишува ваков роман откако го посетил градот Истанбул -Истанбул е преинспиративен град и штом стапнав таму знаев дека оваа приказна ќе се случи. И ова е денот кога излегува на виделина и конечно ја крштеваме приказната, изјави авторот Јован Илиески. Тој е автор е на шест книги „Душа на парче хартија“ (2012), „Кругот на животот“ (2014), „Сенки на полноќ“(2016), „Ноќта кога ја напуштив Прага“ (2019), „Соба 610“(2021) и најновиот роман  „Татко ми, Босфор“ (2022). ас/ев/

Остани поврзан