• среда, 18 декември 2024

Промовиран прирачникот за слабеење и здрав живот „Ти можеш!“

Промовиран прирачникот за слабеење и здрав живот „Ти можеш!“
Кочани, 1 јуни 2022 (МИА) – Во издание на општинската библиотека „Искра“ од Кочани, вечерва беше промовирана книгата „Ти можеш!“ од авторката Ленче Стојанова. Инспирирана од прекумерната тежина кај младите, Стојанова создала прирачник за слабеење на еден поинаков начин, водич за постигнување на посакуваната телесна тежина низ длабок процес на психофизичка рамнотежа. Делото го промовираше д-р Верица Јакимова, специјалистка по интерна медицина, која истакна дека авторката е водена од мотото дека човекот е она што самиот од себе ќе направи и дава свое видување на храната, здравјето и физичката активност, посебно на нивното заемно дејство во спој што се нарекува среќен и здрав живот. За биографијата на Стојанова, дипломиран биолог на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години живее и работи во Нов Зеланд, говореше Билјана Стојанова, член на нејзиното пошироко семејство. – Нејзините работни активности и во родната земја во голем дел беа насочени кон здрав живот, здрава храна, со едукативни содржини пласирани во јавноста на различни начини. Останува запаметена и како почитуван наставник по биологија. Иако физички е далеку од татковината, делото покажува дека таа е во непрекината духовна врска со луѓето во неа, истакна Стојанова. Делото е отпечатено со финансиска поддршка на Општина Кочани.та/ир

Остани поврзан