• среда, 18 декември 2024

Промовиран нов политички субјект - „Движење за наша Македонија-ЗНАМ“

Промовиран нов политички субјект - „Движење за наша Македонија-ЗНАМ“

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје вечерва е промовирана новата политичка партија „Движење за наша Македонија-ЗНАМ“, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. На иницијативата за формирање на движењето се потишаа Димитриевски и претставниците на десет граѓански здруженија од исто толку градови во земјата.

Во своето обраќање Димитриевски порача дека мототo на партијата е „Од граѓаните за граѓаните“, а основна цел ќе биде да ги обедини граѓаните и да ја врати земјата на вистинскиот пат, со одржива економија.

-Ја потпишав со овие горди и достоинствени луѓе оваа иницијатива за формирање на нов политички субјект Граѓанско движење Знам за наша Македонија заедно со овие одважни луѓе и со ваша поддршка. И нашата основа цел е да се вратиме на темелите на нашата државност, тоа што во континуитет го газат. Илинденците и АСНОМ-ците тие ќе ни стојат како сенка, а ние ќе газиме напред заедно со граѓаните на Македонија и притоа нема да делиме никој, ниту по вера, ниту по етнос, ниту пак по припадност, туку ќе бидеме обединети сите за Македонија. Но, притоа на тој пат ќе мора и да учиме особено ние Македонците, да учиме од нашите сограѓани Албанци да постигнеме национален консензус на македонскиот народ во оваа држава. Инаку, ако не го направиме тоа ќе не нема драги мои пријатели. Бидејќи како што велат, ножот е дојден до коска, рече Димитриевски.

Тој посочи дека целта не е да бидат опозиција, туку освојување на власта од која позија првиот чекор што ќе го направат ќе биде да го поништат Кривичниот законик кој беше донесен со европско знаменце, нзаради тоа што е неправеден, оти, вели, еден висок функционер одговара многу помалку отколку еден граѓанин којшто се огрешил од законот.

-Законот мора да се ревидира и треба да се донесе комплетно нов Кривичен законик кај што овие неправди коишто се направени се со единствена цел да се обезбеди само амнестирање на одредени поединци во повторна постапка доколку се обноват истите постапки за одредени функционери. Сметам ако имате веќе одговорност треба и да сносите одговорност и пред законот доколку се огрешиле, вели Димитриевски.  

Пред присутните се обрати и генерал мајорот во пензија Павле Арсовски, кој изрази уверување дека движењето ќе ги собере на едно место сите способни, несебични и непоткупливи патриоти, граѓани кои си ја сакаат државата, ќе ги артикулира барањата и потребите на граѓани и ќе ја гради Македонија како дом на просперитетни, задоволни луѓе. 

-За наша Македонија на задоволни граѓани, во која владее правото, која нема да биде синоним за корупција, криминал и непотизам. Ни претстојат денови, недели и месеци на напорна работа. Убеден сум дека ќе успееме да го вратиме достоинството и на институциите и на граѓаните, порача Арсовски.  

Перофесорката Катерина Тодоровска порача дека е потребно државата да ја вратат на колосекот на нормална држава, а тоа може да се постигне преку обезбедување одлично образование, со доаѓање на вистински кадри на вистинските меса и посветна работа, односно прво обрврски, па привилегии.

Писателот Венко Андоновски, во онлајн обраќањето порача дека стои зад движењето оти знае, дека во себе вклучува образовани и паметни и учени луѓе кои можат да ја извлечат Македонија од сегашниот ќорсокак, а пред се, чесни луѓе, луѓе од морал, луѓе од доблест.

Иницијаторот на движењето и негов претседател Димитриевски најави дека веќе од утре ќе почнат со собирање потписи, со цел што поскоро да се регистрираат како нов политички субјект и веднаш да се стават во функција. вг/нд/

 

Остани поврзан