• среда, 25 декември 2024

Промовиран новиот протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки

Промовиран новиот протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки

Скопје 10 октомври 2023 (МИА) - Во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје денеска беше промовиран Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - БАЛАНС МК, а издаден со поддршка на Министерството за здравство на Македонија. 

На промоцијата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која посочи дека овој Протокол овозможува соодветен пристап кон децата со дијабетес во обраозвните установи.

Тренчевска истакна дека грижата за децата и обезбедувањето услови за правилен раст и развој за секое дете е еден од приоритетите на министерството.

-За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап до ресурсите во општеството  во однос со останатите деца. Ми претставува сообено задоволство што сум тука денеска на промоцијата на прирачникот наменет за децата од предучилишното и основното образование, како да им помогнат на своите другарчиња, прирачникот е наменет и за воспитниот кадар за вработените, како да пристапиме кон децата со дијабетес и како да не ги дискриминираме, односно да овозможиме еднаков тртман на сите деца во градинките, изјави министерката.

Информира дека прирачникот ќе биде присутен на веб страната на министерството, ќе биде испратен до сите градинки со цел да објават на нивните веб страни и дека прирачникот во хартиена форма ќе биде доставен од сите градинки. 

-Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетесот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест, за жал податоците откриваат дека ова аболест е се повеќе присутен во предучилишното образвание и оттука е важеноста на протоколот за постапување со овие  деца во образовните институции. Верувам дека протоколот ќе придонесе за подобра едукација за сите вклучени во процесот.

Претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска информира дека во нашата држава има регистрирано над 130 илјади лица со дијабетес.

- Од нив околу 5 000 се лица со тип еден дијабетес, а тука се и тие дечиња за кои што е овој протокол наменет и изработен стануива збор за 700 деца и адолесценти до 18 години кои ги посетуваат градинките основните и средните училшта, истакна таа.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски оцени дека пред се најважна е навремената и соодветна реакција на воспитувачите и наставниот кадар.

-Општина Центар со задоволство се приклучува на овој проект на владиниот и граѓанскито сектор наменет за поддршка на децата со дијабетес пред нас е новиот протокол со упатства за наставниот кадар кој ќе почне да се применува токму тука во центарските училишта и градинки за детскиот дијабетес кој го има се повеќе. Статисиката покажува дека бројот на деца дијабетичари расте, па отуука потпрена е едукација и негова контрола. Во општина центар се запишани околу 10 дечиња кои имаат дијабет тип 1 и за сите нив е потребно знаење.

Протокол всушност претставува прв стручно изработен и рецензиран протокол за постапување наменет за 700 деца со дијабетес тип 1 во нашата земја кои што редовно посетуваат детски градинки, основни и средни училишта, а бара пошироко институционално имплементирање и прифаќање.свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан