• сабота, 27 јули 2024

Промовиран книжевниот алманах на литературниот клуб„ Китка“ од Кичево

Промовиран книжевниот алманах на литературниот клуб„ Китка“ од Кичево
Кичево, 24 март 2021 (МИА) - Во малата сала од Центарот за култура во Кичево вечерва беше промовиран книжевниот алманах на литературниот клуб „Китка“. „Китка“ е заедничко дело на четиринаесетте членови на Клубот. Присутните во салата и оние кои беа онлајн вклучени, ги поздрави претседателката на литературниот клуб, Оливера Ширгоска на четири јазици, македонски, англиски, германски и албански јазик. -Со заеднички напор на сите 14 членови го создадовме овој алманах, во кој секој од нас е претставен со по пет творби. Алманахот ќе биде мотивација да продолжиме по истите стапки и наредниот период, рече Ширгоска и појасни дека „Китка“ има учествувавано на многу литературни манифестации во земјава, а нејзините членови со свои творби се застапени во неколку заеднички збирки. Таа изрази голема благодарност до Центарот за култура и директорот што помогнаа  да излезе овој труд. Промоцијата се одржа со целосно почитување на мерките за заштиа од КОВИД-19. за/мч/

Остани поврзан