• среда, 25 декември 2024

Промовирана улицата „Укшин Хоти” во Старата скопска чаршија

Промовирана улицата „Укшин Хоти” во Старата скопска чаршија
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Улицата „Лазар Танев” во Старата скопска чаршија од денеска и официјално ќе го носи името „Укшин Хоти” по поранешениот професор по меѓународното право и по филозофија на Универзитетот во Приштина, кој од 16 мај 1999 се води како исчезнат. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како домаќин на настанот во својот говор наведе дека името на ова улица ќе го одржи во живот споменот на „идеологот на националната кауза, за човекот кој животот го посвети на Косово, но почина сонувајќи дека таа еден ден ќе стане автентична демократска држава“. - Името на Укшин Хоти ќе биде дел од персоналните документи на стотина граѓани на Општина Чаир. Името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи кој секојдневно поминуваат по ова улица од целиот свет. Денеска сме горди сите. Денешниот акт е со цел за да се одржуваат спомените и идеалите за Укшин Хоти. Неговите траги се по длабоки од колку што можеме да замислиме, рече градоначалникот Ганиу. Директорот на Државниот архив на Косово, Бедри Зиберај, кој воедно и ја организираше денешната изложба со делата на професорот Укшин Хоти, при промовирање на новата улица со неговото име посочи дека со овие активност се потсетуваме на еминентниот интелектуалец. - Укшин Хоти е симболична личност во новата историја не само на Косово, туку и воопшто на албанската нација. Укшин Хоти е оној кој кога избувнаа демонстрациите во 1981 година беше единствениот што излезе во одбрана на овие демонстрации и остана до крај на својот живот, изјави Зиберај. На денешниот настан исто така присустуваа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, општински советници и блиски роднини и соработници на Укшин Хоти. оџ/сп/

Остани поврзан